Техеран: Остри критики на иранскиот претседател за западниот културен либерализам

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинаџад денеска остро ги критикуваше западните земји и нивниот културен либерализам, во неговото обраќање пред парламентот кој денеска треба да гласа за довербата на неговите министри. Од тие земји увезуваме стока во вредност од неколку милиони долари, а тие не само што не ја купуваат нашата нафта туку не ги купуваат ниту нашите производи, изјави иранскиот претседател. Западните земји се однесуваат агресивно кон Иран, рече Ахмадинаџад , алудирајки на притисокот кој се врши над оваа земја поради обновувањето на нуклеарната програма.