Келн: Неделна миса на Папата Бенедикт 16

Стотина илјади католици ја минаа ноќта под ведро небо во Келн очекувајки ја неделната миса на папата Бенедикт 16 во неговата прва посета на својата родна Германија откако е избран за Папа. Се очекува на денешната завршна неделна миса да присуствуваат 4 илјади и 500 кардинали, свештеници и бискупи, и како што се претпоставува дури еден милион верници.