Жителите на Шуто Оризари, денеска, повторно избираат градоначалник откако претходно избраниот Амди Бајрам замина на издржување казна затвор. Вкупно 19.908 гласачи ќе избираат меѓу кандидатите на Сојузот на Ромите и на Обединетата партија за еманципација, Шабан Салиу и Ердоган Исеини, а ќе гласаат на 19 изборни места.Кандидатот кој ќе освои 51 процент од вкупниот број на гласачи ќе победи, во спротивно ќе се одржи втор круг на гласање.