Скопје: Денеска пристигнува шефот на кинеската дипломатија

Шефот на кинеската дипломатија Ли Џаоксинг, в недела, ќе допатува во прва официјална посета на Македонија, на разговори со највисокиот државен врв, соопштено е во Скопје. Според истите извори, министерот Џаоксинг, в понеделник, ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи Илинка Митрева, со шефот на државата Бранко Црвенковски, како и со премиерот Владо Бучковски.
Посетата на кинескиот министер Џаоксинг е во рамки на продолжението на политичкиот дијалог меѓу двете земји и потврда за позитивниот развој на македонско-кинеските односи, се наведува во соопштението на МНР. Според агендата, се предвидува потпишување на “Протокол за соработка на областа на архивите“ меѓу двете Министерства за надворешни работи.