Преставници на 23 земји длабоко поделени за тоа како да се бори земјата против глобалното затоплување ги завршија на Греанланд разговорите со апел на домаќинот за итна акција. Тие посетија и глечер во отопување. Подрачјата на летен снег на Гренланд пак се проширија во последните години. Преставниците на Соединетите Држави, Европската Унија, Јапонија и Кина всушност на неформална 4 дневна средба се надеваа дека ќе ги омекнат политичките разлики откако Вашингтон се повлече од Протоколот од Кјото.