Во Газа денеска е втор ден од масивната воена операција за присилна евакуација на еврејските доселеници кои не го испочитуваа карајниот рок. Во двете најголеми населби вчера Неве Декаилм и денеска Кфар Даром доселениците се забарикадираа во синагогите. Израелски војници без оружје влегоа во Кфар Даром. Повеќе од 60 насто од доселениците во Газа се иселени со што евакуацијата се одвива со темпо побрзо од очекуваното. Повлекување се врши по 38 години окупација на Газа и дел од Западниот Брег – земја која треба да биде идна држава на палестинците.