Охрид: Централна прослава за Денот на АРМ

Во Центарот за обука на вода Биљанини извори во Охрид денеска се одржа централната свеченост по повод 18 август денот на Армијата на Република Македонија. На свеченоста, во присуство на државниот, воениот врв и дипломатскиот кор, беа соопштени указите за поставување командант на Здружената оперативна команда, унапредувања во чин бригаден генерал и чин полковник, како и доделување орден за воени заслуги. Ве де американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс во име на владата на Соединетите Држави одликува припадник на АРМ за заслуги во извршување задачи во мисијата во Ирак.