Спасувачките екипи во Венецуела и натаму се во потрага по телата на загинатите од авионот, кој вчера се урна во близина на границата со Колумбија. Се претпоставува дека сите 160 патници и членови на екипажот загинале. Авионот на Вест Карибиан Ерлајнс летал од Панама за островот Мартиник, кога пилотот јавил дека има проблем со двата мотора.