Израелската војска ја продолжува дистрибуцијата на наредбите за евакуација на еврејските доселеници од Појасот Газа. Израел вчера, по триесет и осум годишна окупација, го почна повлекувањето од Газа. Израелското радио јави дека веќе целосно се напуштени пет од дваесет и едната населба во тоа подрачје. Дослениците треба доброволно да ја напуштат Газа до полноќ или во спротивно ќе се соочат со насилна евакуција од страна на армијата.