Токио: Најмалку 26 лица повредени во земјотрес

Најмалку дваесет и шест луѓе биле повредени во земјотресот што денеска го зафати северниот дел на Јапонија. Сите тие добиле полесни повреди и нема информации за мртви и исчезнати, соопшти јапонскиот државен секретар за превенција од природни катастрофи Јошитака Мурата. Епицентарот на земјотресот со сила од седум запирка два степени според Рихтеровата скала бил на Пацификот.