Претседателите на Украина и Грузија најавија создавање нов регионален сојуз кој ќе се бори за слобода и демократија во земјите од поранешниот Советски Сојуз, потег што најверојатно ќе ја налути Москва. Виктор Јушченко и Михаил Сакашвили во соопштението објавено по средбата во Грузија наведуваат дека Заедницата на демократскиот избор ќе стане силно средство за надминување на заостанатите линиии на поделба во регионот и загрозувањето на човековите права. „Тоа ќе помогне за влез во новата ера на демократија, безбедност и стабилност, како и мир широм Европа, од Атлантикот до Каспијското море", изајвија двајцата лидери по разговорот, најавувајќи оти новиот сојуз ќе го претстават во Украина оваа есен и ги повикаа САД, ЕУ и Русија да присувствуваат како посматрачи.