Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека планираното повлекување на Израел од Појасот Газа ќе ја зголеми сигурноаста во таа земја. Според Буш, повлекувањето што треба да започне во текот на идната недела, ќе доведе до целосна реализација на мировниот план кој подразбира и создавање палестинска држава. Десетици илјади израелци протестираа во центарот на Тел Авив, барајќи од израелската влада да се откаже од повлекувањето на еврејските населби од Појасот Газа. Во меѓувреме, израелскиот премер Ариел Шарон изјави дека нема намера да им се извини на илјадниците еврејски доселеници што треба да го напуштат од Појасот Газа.