Пакистан денеска тестирал крстосувачки проектил, кој може да носи конвенционални и нуклеарни боеви глави. Според соопштението на пакистанската армија, ракетата имала дострел од 500 километри, а за ова тестирање Индија не била информирана, бидејки спогодбата меѓу двете земји за меѓусебно известување, не се однесувала и на крстосувачки ракети.