Бројот на нападите врз муслиманите во Лондон, по терористичките напади во минатиот месец, според полициската статистика, порасна на шестотини проценти. Ги има повеќе видови од вербалните, до организираните од банди млади момчиња. Полицијата се обидува да реагира, но таа и онака има премногу работа во спречувањето на евентуалните нови терористички акти. Многумина муслимани во Британија велат дека живеат во атмосфера на страв.
Лондонската Метрополитен полиција соопшти дека само во минатиот месец се случиле двесте седумдесет напади врз муслимани. Во истиот период лани ги имаше четириесет. Тахир Бат, е член на Муслиманскиот безбедносен совет, организација која тесно соработува со полицијата.
„Ние не се обидуваме да ги уплашиме луѓето, туку да им дадеме вистинска слика за она што се случува на теренот. И пораката е дека бројот на нападите значително е зголемен. Тоа треба да ја алармира полицијата и да се ангажира во нивно спречување.“
Бат вели дека постојат многу напади кои воопшто не се пријавени од жртвите. Директорот на Муслиманскиот Институт во Лондон Гајасудин Сидики наведува дека најголемиот број од пријавените напади се од вербална природа што пак е резултат од загревање на чувствата по терористичките акти во градот.
„Кога патувате со подземната железница, луѓето седнуваат подалеку од вас. Кога шетате, луѓето ви довикнуваат, Одете си дома или Бин ладен. На ваков начин тие ја изразуваат својата реакција спрема оние што личат како муслимани.“
Тахир Бат вели дека полицискиот извештај се однесува само за Лондон, а не и за другите места во Британија каде што исто така има вакви напади. На исто мислење е и Сидики:
„Лондон е многу покосмоплитиски. Не гледате такви работи во Лондон, но ако излезете забележувате дека ги има многу.“
Тахир Бат смета дека не станува збор само за тоа што муслиманите го трпат во моментот по терористичките напади.
„За мене ова е подлабоко прашање. Станува збор за живеење во општетството во кое си роден, си пораснал и работиш во него. Станува збор за твојот идентитет. Дали навистина си британец или си петтоколонаш?“
Вели Бат, кој сепак заклучува дека повеќето британци не се непријателски расположени спрема муслиманите.