Белград: Потврдено апсењето на Милан Лукиќ

Во Белград официјално е потврдено дека во Буенос Аирес е уапсен Милан Лукиќ, еден од поранешните лидери на српските пара-воени сили во Босна, кој е обвинет за воени злосторства од Хашкиот Трибунал. Аргентинските власти, како што е најавено, ќе го испорачаат Лукиќ директно во Хаг.