Токио: Коизуми решил да свика предвремени општи избори

Јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми денеска, како што јавуваат агенциите, се решил да свика предвремени општи избори откако во парламентот не минаа неговите предлози за економски реформи во земјата. Тој на ова се решил по состанокот со лидерите на неговата владејачка Либерал демократска партија и на помалиот коалиционен партнер. Според извештаите, изборите би се одржале на единаесетти идниот месец. Парламентот денеска не ја одобри приватизацијата на поштата која според Куизуми, беше клучниот дел од економските реформи.