Експертите се сомневаат во имплементацијата на законите

Во насока на долижување до стандардите на ЕУ е и новиот закон за стечај што го подготви владата, а сега чека да биде изгласан и во Собранието. Со новиот закон, ќе се скратат стечајните постапи, но ќе се зголеми и одговорноста на стечајните управници, вели Киро Станџов од Министерството за економија:

„Главно и основно е скратувањето на стечајните постапки. Досегашните анализи покажаа дека стечајните постапки се многу спори.“

Смислата на стечајот не е фирмата да пропадне, туку да се реорганизира и да продолжи со работа, но во нашата земја, тоа ретко се случува, вели Љубица Рубен од правна фирма:

„На време да се запре процесот на продуцирање на долгови. И тоа да се направи брзо и ефикасно и ако доверителите на кои им должиме видат дека преку планот за реорганизација ќе добијат повеќе пари од она што им го должиме, отколку да ја ликвидираме фирмата, да одиме само да се продаде имотот, но како тоа се случува во пракса, е сосема обратно од ова. Стечајните управници не ги водат ефикасно стечајните постапки и на крај одат кон ликвидација во 99 насто. Бидејќи е задоцнето отворањето на стечајната постапка, некој од тоа направил големи пари приватно. Значи, начинот на затворањето на фирмите беше прифатен како начин за приватно погатење.“

А, за долгите и неуспешни постапки, според Рубен не се виновни само законите:

„Процентуално кршењето на законот без одговорност е тоа што ги прави штетите. Кривично дело прави управникот, си основа фирма, нова, со имотот на таа и се внесува себе си како газда. Законот тоа го санкционира. Вели – не смее. Но, законот е само на хартија, ако нема институција која треба да го санкционира не го прави тоа.“

Оттука, се поставува прашањето дали Македонија доцни со донесувањето на законот? Од владата велат дека по поминувањето во Собранието и озготвувањето на подзаконските акти се очекува новиот закон да се имплементира догодина.