Ирачките лидери го одложија состанокот на кој требаше да се расправа за надминување на разликите околу новиот Устав на земјата. Претставник на курдите изјави дека состанокот е одложен поради итната седница на курдскиот автономен парламент. Ирачките лидери се обврзаа да го усогласат Уставот до 15-ти овој месец.