Свет: „Адидас“ го купи „Рибок“ за три милијарди долари

Германскиот производител на спортска опрема Адидас соопшти дека ќе го купи американскиот Рибок за 3 милијарди и 100 милиони евра. Договорот треба да биде склучен во почетокот на наредната година, но претходно треба да биде одобрен од акционерите на Рибок и од анти-монополските власти.