Судан: Мировниот процес продолжува и покрај смртта на потпретседателот

Суданскиот претседател Омар Ал Бешир изјави денеска дека мировниот процес во земјата ќе продолжи и покрај загинувањето на вице претседателот Џон Гаранг, чиј хеликоптер се урна вчера на враќањето од Уганда. Меѓутоа денеска илјадници јужно-суданци излегоа на улиите во Картум, при што имало инциденти. Гаранг беше поранешен лидер на бунтовнците,а стана потпретседател пред 3 недели во рамките на мировниот договор за окончување на две децениските судири во Судан.