Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска би требало да одобри проширување на мерките за спречување на Ал Каеда и талибанците да набават средства за изведување терористички акции. Нацрт резолуцијата предложена од Соединетите Држави предвидува прошрување на списокот на организациите и појасно определување на веќе одредените организации со постоечката резолуција донесена по нападите врз Соединетите Држави на 11 септември.