Во интервјуто за Еј Би Си, чеченскиот сепаратистички лидер Шамил Басаев го прифати карактеризирањето како терорист, и рече дека војната ќе продолжи се додека сите руси не ги почуствуваат последиците. Басаев е најбараниот човек во Русија. Тој ја прифати одговорноста за нападот во училиштето во Беслан при што загинаа 330 заложници од кои најмногу деца.