Лекарите предупредуваат да не се излегува надвор од 10 до 17 часот

Температурите во Скопје го достигнуваат 40 степен. Од управа за хидрометеролошки работи и од републичкиот завод за здравствена заштита секојденвно предупредуваат да не се излегува надвор од 10 до 17 часот. Особено болните и повозрасните лица. И продавачот на праски на зелениот пазар спага и во двете категории. Но, тој нема друг избор, неговото работно место е на тезгата под вжештено сонце.

,,Имам и притисок и шеќер, знам дека не чини, ама што да правам”

И друг продавач пак иако има хронично вели морам да бидам тука

,,Имам асма, ама што да правам, мора да работам.”

Некои од пазарџиите, пак велат навиканти сме оти со години ја работиме оваа работа

,,Во текот на денот, шишето со вода и готово, ете ти туш.”

Во слична ситуација се и таксисте. И за нив не важи советот од лекарите. За мора да се трпи дури се и да се ризикува здравјето велат тие

,,Кога мора да се работи, мора. Нема друг избор. Жешко е, ама мора да се работи.”

Повекето пак локали, продавници и кафулиња во центарот на градот имаат клима уреди, кои деновиве работат под полна пареа. И вработрениуте од една фирма за сервисирање на уредите потврдуваат дека нивната работа во овој период е зголемена.

,,Понекогаш и погрешна проценка од самите луѓе, ама има и банални пријавувања, заборавил да го вклучи во штекер или му се потрошиле батериите од далечинскиот, па пријавува како дефект.”

Но, малите бурекџилници кои се белег на градот намаат вакво разладување. А кај нив температурата е дури 10 степен повиска од надворешната.

,,Навикнати сме ние, долго работиме.”

Од управата за хидрометеролшки работи пак најавуваат дека ваквите горештини и високи температури ке продолжат и во наредните неколку денови