Шестпартитните разговори за севернокорејската нуклеарна програма продолжија денеска во Пекинг со пленарна седница зад затворена врата. Вториот ден од разговорите подоцна ќе биде проследен со билатерални разговори меѓу земјите учеснички. Според дипломатски извори, оваа рунда засега се одвивала со поблаги стави што ги подгрева оптимистичките очекување да заврши успешно.