Багдад: Ненајавена посета на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд пристигна во Багдад на разговори со ирачкото раководтсво и со американските команданти во таа земја. Претходно, Рамсфелд изјави дека од ирачките лидери ќе побара без натамошно одлагање да го усвојат нацрт уставот, со образзложение дека политичкиот напредок е неопходен за спревување со бунтовниците во Ирак.