Шарм ел Шеик: Продолжува истрагата на властите за терористичките напади

Египетските власти по терористичкиот напад во Шарм ел Шеик за кои одговорноста ја презедоа три одвоени исламски милитанти групи ја продложуваат истрагата при што се уапсени одреден број лица. Безбедносните сили, според безбедносни извори, вчера во пустинските планински села во близина на Црвено Море размениле оган со осомничени милитанти. Во Шарм ел Шеик загинаа над 60 лица.