Британската полиција држи во притвор тројца осомничени за неуспешните бомбашки напади врз лондонскиот транзитен систем во минатиот четврток. Вчера шефот на лондонската полиција Јан Блер изрази жалење поради тоа што полицајците убиле еден бразилец во метрото по грешка, мислејќи дека станува збор за еден од осомничените.