Муса Џафери, потпретседател на македонската влада. Потребно е и донесување на Законот за употреба на јазиците

Господине Џафери , вие сте одговорен за процесот на имлементација на Охридскиот договор. Собранието со усвојување на законот за употреба на знамињата на етничките заедници го заврши законскиот дел од договорот. Како го оценувате спроведувањето на рамковниот во пракса?

Со донесувањето на законот за знамињата се заврши делот од легислативата за имплементирање на рамковниот договор. Но, не трба да се заборави уште една наша обврска. Она што е многу потребно е донесувањето на законот за употреба на јазиците, кој ке се однесува на граѓаните кои зборуваат на својот мајчин јазик, а се повеќе од дваесет проценти од населението во Република Македонија. Да бидам поконкретен, мислам на употребата на албанскиот јазик кој според уставот е втор официјален јазик и треба да се најде соодветан рамка како ќе се употребува и каде. Се разбира законскиот дел е и полесниот од имплементацијата на рамковниот договор, но потешкиот дел претсои во периодот кога ке треба да се имлеметират законите во пракса, кога всушност и ке ги видиме ефектите од овие проекти. Од посебна важност е и имплементацијата на делот за правична застапеност чии позотивни ефекти се очекува да се видат во иднина.

Една од обврските кои произлегуваат од рамковниот договор е правичната застапеност на етничките заедници во државните институции и локалната самоупрва.До каде е овој процес?

Може да се каже дека има напредок во таа насока и отприлика околу 15 проценти се веќе вработени во државните институции. Можеме да кажеме дека навистина имаме направено чекори напред во насока на спроведување на соодветната и правична застапеност. Но, крајната цел се уште не е постигната. Мислам дека имаме една стратегија за остварување на соодветна и правична застапеност во рамките на која ќе имаме и годишни операционални планови за реализирање на овој дел од рамковниот договор. Цело време се трудиме да ги корегираме сите претходни правци за постигнување на целта и сакаме да го пронајдеме најдобриот начин како да се постигне соодветната и правична застапеност.

Може ли да посочите некое министерство или институција како позитивен пример ?

Како случај кој има позитивни политички ефекти може да се посочи Министерството за внатрешни работи. Но, не од аспект на вработување на етничките заедници, туку од политички аспект, каде директно е евидентирано подобрувањето кое се чувствуваа и на теренот. Мислам дека застапеноста, односно напредокот во однос на соодветната и правична застапеност особено во МВР би имало позитивни ефекти врз вкупната безбедносна и сигурносна ситуација.

Постојат ли некои државните институции кои може да се посочат како негативни во однос на спроведувањето на правичната застапеност?

Целта, не е да се пронаогаат негативни примери и да се посочат како такви, но може да се каже дека неколку институции не се во тек со соодветната динамика, но сепак целта не е тие да се посочуваат како негативни примери.

Дали при вработувањето внимавате на компетентноста на кадрите ?

За да бидеме коректни кон јавноста треба да кажеме дека при вработување на државни службеници секогаш се тргнува од актите односно правилниците за систематизација и организација на работните места. Тие се директно поврзани со функционалноста на одредените институции. Тоа значи дека граѓаните имаат право и мора да добиваат услуги од државните институции на својот мајчин јазик.Конкретно зборувам за државните службеници Албанци. Но, на ум ја има функционалната страна, односно услугите што органите треба да им ги дадат на граѓаните, а нив би можел да им ги даде само вработен службеник кој им припаѓа на заедниците, односно Абанец. Тој би бил во состојба на граѓанинот да му овозможи услуга и комуникација на два јазика, односно на јазикот што го зборува граѓанинот, но и на официјалниот јазик. На тој начин вршиме една позитивна дискриминација врз заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Сето ова е со цел да се овозвожи тој функционален аспект на работата на државните институции.

Господине Џафери вие сте член на советот за безбедност, а од неодамна и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи.Какви се вашите функции таму?

Точно е дека јас сум член на советот на безбедност, меѓутоа надворешен, а не директен член по функција. Што се однесува на вториот дел од прашањето вистина е дека со закон формиравме Агенција за справување со кризи и според законот исто така постои управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи. Како пример може да посочам дека и министерот за здравстрво е член на овој управувачки комитет поради тоа што целата филозофија што стои зад формирањето на овие институции е дека кризите можат да бидат од разни природи, не само сигурносни, туку како што може да биде и од здравстена или друга природа. Исто така ова е еден од стандардите кои требаше да ги исполниме во рамките на реформите на одбранбениот и сигурносниот систем и треба да се напомене дека овие политички и професионални институции се од превентивен карактер. Главната работа од овој аспект ке ја врши управата за справување со кризи којашто во моментов е во основање.

Како ја оценувате моменталната безбедносна состојба после двата напади на полициските станици?

Мое мислење, е дека перцерпцијата која што владее во јавноста и во медиумите не кореспондира со објективната реалност и мислам дека не постои ситуација што ја загрозува стабилноста на земјата.

Сметате ле дека медиумите влијаат врз создавање на тензија во врска со безбедносната ситуација?

Не сакам и не ми е дозвоелно да кажам дека медиумите грешат или не. Но, сепак е присутна тенденцијата да се прават сензации околу овие прашања. Се употребуваат необјективни и неверификувани податоци кои потоа раѓаат страв и паника кај граѓаните, а тоа после ја тероризира целата сцена. Има случаи кога медиумите ги коментираат судските процедури или одлуки .Мислам дека тоа не е во ред. Постојат и други работи. На пример ситуации кога се анализираат состојбите од аналитички аспект и потоа се прави како тие да се реалност и како да се темелат врз доброинформирани извори. На пример идејата дека многу странски служби се вмешани во инцидентите кои се случија. На крајот излегува дека реалноста не е таква.

На кој начин сметaте дека е најдобро Македонија да ја подобри безбедноста состојба?

Со почитување на законите и спроведувањето на реформите во пракса.Тоа се рефлектира врз граганите, тие ќе се чувствуваат посигурни и нема да бидат негативно настроени кон институциите. Како резултат на сето ова тие нема да реагираат против законите и институциите на државата.

Како член на Демократската унија за интеграција може ли да го пренесете партискиот став, како ке дејствува вашата партија во процесот на стабилизација на безбедносната состојба?

Имајќи во предвид дека Демократската унија за интеграција од еден аспект е партија која е дел од системот односно од власта и од друг аспект земајки го во предвид етничкиот карактер, ние сме партија која што го има мнозинството од албанската заедница. Тоа значи дека ДУИ игра посебна улога од аспект на балансирање на етничките односи. Тргнувајки од оваа позиција може да се види улогата на Демократската унија за интеграција како стабилизатор на ситуацијата воопшто.

Една од препораките кои и беа дадени на македонската влада на последната средба во Брисел беше подобровуњето на бизнис климата.Што според вас е најголемата пречка за странските инвестиции?

Фактички, прашањето за подобрување на бизнис климата не се однесува само за Република Македонија, туку е од регионален карактер. Доколку ситуацијата не се стабилизира во целиот регион, ако не се решат регионалните прашања, не можеме да бидеме оптимисти дека ке имаме голем број на инвестиции. Знаеме дека општата ситуација во Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, Бугарија и Грција директно влијаат врз целокупната клима, односно дали ќе има или не странски инвестиции. Ова прашање треба да се гледа од поширок аспект, а не од егоистички аспект да мислиме само на нашата земја и инвестициите кај нас, туку напротив треба да ја зајакнеме регионална соработка , со цел да имаме регион подобен за странските инвестиции.

Дали е започнат некој процес за подобрување на регионалната соработка со цел заедно да се привлекува странскиот капитал?

Кога зборувам за ова мислам од аспект на решавање на проблемите во регионот Ке ја напоменам ситуацијата во Косово, која е една од главните теми. Се додека таму не се добие една појасна слика, инвеститорите ке се двоумат да инвестираат и кај нас како негов сосед.