Истанбул: Две лица ранети во експлозија на бомба во ресторан

Две лица меѓу кои и еден холандски турист се ранети во експлозија на бомба која се случи синоќа пред еден ресторан во Истанбул, јавија турските медиуми. Причината за експлозијата сеуште не е утврдена. Шефот на градската полиција ја исклучија секоја можност дека се работи за експлозија на гас. Експлозивната направа според турските медиуми била постевна под една маса на ресторанат. Освен холандскиот турист повреден е и еден турски државјанин кој работел во ресторанот.