Лондон: Осомничениот бомбаш самоубиец убиен пред два дена по грешка

Преставниците на лондонската полиција потврдија дека лицето убиено пред дева дена по грешка мислејки дека се работи за бомбаш самоубиец е државјанин на Бразил Жан Карлос де Мензес 27 години. Тој работел како електричар во Лондон каде живеел веке три години. Трагедија е за секој кој го губи животот во вакви околности, и лондонската полиција жали за овој случај, изјави портпаролот на полицијата. Во межувреме бразилската влада во својата реакција вели дека е шокирана и збунета, од фактот што лондонската полиција убила нејзин државјанин. Владата очекува офицјалните преставници на британија да ги објаснат околностите кој довеле до трагедијата , се наведува во соопштението на Министерството за Надворешни Работи на Бразил.