Шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева престојува во официјална посета на Турција. Денешните разговори со претседателот Ахмед Неџет Сезар и со министерот за надворешни работи Абдула Ѓул, како што е најавено, ќе бидат фокусирани врз зајакнувањето на економските релации меѓу двете земји.