Најмалку петнаесет загинати, е билансот на најновите напади на ирачките бунтовници, јавуваат агенциите. Во ирачкиот град Бакуба, северно од Багдад, загинаа над десет луѓе кога вооружен напаѓач отворил оган врз минибус во кој се превезувале работници за тамошната американска база. Во Киркук пак дошло до експлозија на подметната бомба во која загинале двајца полицајци, додека четворица други биле ранети.