Милорад Улемек – Легија и уште тројца припадници на расформираната единица за специјални операции денеска се осудени на по 40 години затвор поради убиството на Иван Стамболиќ и обид за убиство на Вук Драшковиќ во Будва. Двајца други членови добија по 15 години затвор. Поранешниот српски функционер Иван Стамболиќ беше кидапиран на 25 август 2000 та и подоцна убиен на Фрушка Гора, а обидот за атентат на сега актуелниот српски министер за надворешни работи Вук Драшковиќ е напревен на 15 јуни истата година во Будва.