Техеран: 17 загинати во сообраќајна несреќа

17 лица загинале во директен судар на минибус и камион во северен Иран, соопштија полициски извори. Шефот на иранската сообраќајна полиција Мухамад Рујаниан соопшти дека несреќата се случила кај местотот Фирузкуха 130 километри источно од Техеран.