Двајца бомбаши самоубијци се разнесоа себеси во близина на контролното место пред зелената зона во Багдад каде што е седиштео на ирачката власт и на меѓународната коалиција. Еден од нив користел автомобил бомба. Според ирачката полиција, на местото имало жртви, но засега не се знае колку. Вчера 30 лица претежно деца загинаа кога автомобил бомба беше активирана на место каде што американски војници им делеле бомбони на деца. Во меѓувреме ирачките сили во предградие на Багдад открија осквернавени тела на десет мажи. Сунитите ги обвинија безбедносните сили за злоупотреби или убиства на припадници ан ова малцинство, но засега не се знае дали убиените биле сунити или шиити.