Вашингтон: САД против проширувањето на Советот за безбедност за десет нови членки

Соединетите Држави застанаа против нацрт резолуцијата предложена од Бразил, Германија, Јапонија и Индија за проширување на Советот за безбедност на Обединетите нации од петнаесет на дваесет и пет членки. Претставничката на Стејт Департментот Ширин Тахир Кели изјави дека доколку Генералното собрание не го отфрли ваквиот предлог, тогаш Соединетите Држави ќе стават вето кога тој ќе се најде во Советот за безбедност. Против предлогот за проширување се и Русија, Пакистан, Кина и Канада, а го поддржуваат Франција и Британија.