Либанскиот министер за одбрана Елиас Мур е полесно ранет денеска во експлозија во христијанското предградие на Бејрут, соопшти полицијата. Неговата колона е погодена од силна експлозија во која има и други жртви и ранети лица а е причинета голема материјална штета. Нападот врз Елиас Мур министер и сојузник на Сирија е последен во серијата напади врз политичари во Либан. Тој му е зет на претседателот Емил Лахуд и тие се носители на власта до формирањето нова влада во Либан по мајските избори.