Сребреница: Почна комеморацијата по повод десет годишнината од масакрот

Во Сребреница почна комеморацијата по повод десет годишнината од масакрот кога силите на босанските срби убиле повеќе од седум илјади муслимански мажи и момчиња. Во меморијалниот центар во Поточари досега се погребани илјада триста дваесет и седум жртви, а денеска ќе бидат погребани уште шестотини и десет. На комеморацијата присуствуваат околу пеесет илјади луѓе меѓу кои и пеесет претставници на држави и на меѓународни организации.