Нов претседател на Киргизстан, според се уште неофицијалните резултати од вчерашните избори, ќе биде Курманбек Бакиев, кој досега беше вршител на таа должност. Централната изборна комисија соопшти дека од избројаните деведесет насто од гласовите, Бакиев добил скоро осумдесет и девет проценти. Одѕивот бил скоро седумдесет и пет насто. Киргизстан во март годинава стана трета поранешна советска република, покрај Украина и Грузија, во која протестите поради изборен фалсификат доведоа до смена на власта.