Лондон: Градот се враќа во нормала по бомбашките напади

Лондон по вчерашните бомбашки напади врз транспортниот систем во кои загинаа најмалку 37, а беа ранети 700 луѓе се враќа во нормала, иако граѓаните кои го користат јавниот превоз се повикани да останат дома ако немаат поголема потреба. Полицијата води засилена истрага за нападите, а британскиот министер за внатрешни работи Чарлс Кларк изјави дека можноста од нов напад е главна преокупација на безбедносните служби. Безбедноста и натаму е засилена во поголемиот дел од европските држави и Соединетите Американски држави. Според британски официјални личности нападите личат на дело на Ал Каеда, а вчера организација која се нарекува Ал Каеда за Европа ја прифати одговорноста.