Западните новински агенции, повикувајки се на локални медиуми, јавуваат дека НАТО трупите денеска го затвориле синот на Радован Караџиќ, Саша Караџиќ на Пале. Засега нема потврда од НАТО а не се знае ниту кои се обвиненијата за синот на Караџиќ. Радован Караџиќ, заедно со Ратко Младиќ се најбараните лица обвинети за воени злосторства во војната во босна и Херцеговина.