Тирана: Нано и Бериша тврдат дека се победници на изборите

Двајцата главни ривали лидерот на Социјалистичката партија и премиер Фатос Нано и лидерот на Демократите Сали Бериша тврдат дека се победници на вчерашните парламентарни избори во Албанија, но и двацата оценија дека изборите преставувале победа на албанскиот народ кој масовно се одзва. Првите резултати се очекуваат во текот на денот, како и оценката за регуларноста на изборите која ќе ја соопшти ОБСЕ. Агенциите јавија дека генерално било мирно со одредени инциденти, со што се согласи и европската мониторинг агенција ЕНЕМО. Член на изборната комисија од Републиканската партија Леатон Вати е убиено во Тирана, но засега нема информации дали мотивите биле политички. Право на глас имаа 2,8 милиони регистрирани гласачи а битката се водеше за 140 места во парламентот.