Велика Британија в петок го превзема мандатот на преседавач со Европската Унија со цврсти ветувања на премиерот Тони Блер дека ќе се залага за модернизација и ширење на блокот. Тоа секако делува позитивно за државите на Западен Балкан чии европски амбиции, по најновата криза внатре во Унијата, се најдоа под знак прашање.
Претседателот на Меѓународната Комисија за Балканот, бившиот италијански премиер Џулијано Амато, своевремено изјави дека судбината на Балканот е да се врати во Европа. На прашањето дали среде кризата во Европската Унија оваа судбина станува неизвесна, Марта Дасу директорка на институтот Аспен во Рим и советничка на господинот Амато додека беше на власт вака одговара.
„Според мое мислење, патот за Балканот не е затворен. Верувам дека од една страна роковите за Бугарија и Романија ќе се почитуваат. Европскиот Совет деновиве потврди и во завршната декларација дека вратите за Западен Балкан остануваат отворени за прием. Мислам дека во тој поглед постоји посебно разбирање на Европската Унија, додека случајот на Турција е сосема поинаков. “
И покрај компликациите со буџетот и ратифиокацијата на Уставот, од Брисел доаѓаат уверувања дека процесот на проширувањето ќе продолжи. Оптимизмот на челниците во Брисел меѓутоа е во расчекор со расположението на јавноста во некои држави. Катинка Бариќ експерт на Институтот за европски реформи во врска со ова проценува дека народите на старите земји членки се уште не го сварија ни приемот на десет те земји од Мај минатата година.
„Постојат неколку земји во Европската Унија како Германија, Холандија, Австрија и Франција кај кои солидно мнозинство е против било какво ширење на Унијата.“
Кај нив постоји страв од губење работни места, поради селење на компаниите во поефтините нови земји членки и истовремено селење на ефтината работна сила од истокот кон западот на Унијата. Токму за овој вид страв во европскиот парламент зборуваше британскиот премиер Тони Блер чија земја од први јули го презема шест месечното ротирачко преседавање со Европската унија.
„Доколку го запреме ширењето и ги блокираме ефектите од тој процес тоа на крајот нема да спаси ни едно работно место или ке спречи преместување на некоја фирма. Можеби и може ама ан краток рок. Но долгорочне одговорот е НЕ. Во меѓувреме Европа ќе стане теснограда, свртена кон себе си и тие кои ја подржуваат таа ориентација немаат ништо со традицијата и идеалите на Европа туку се поврзани со традицијата на национализмот и ксенофобијата.“
Блер најави амбициозна програма за модрнизација на Унијата. Силната воља на Унијата е проткаена во слоганот ,,Одиме натаму,, вели Катинка Бариќ. Проблеми постојат се согласува Марта Дасу од Аспен Инстутутот во Рим.
Исто така сметам, дека Унијата ке се промени. Кризата е сериозна, бно верувам во флексибилноста. Во иднина учеството во Унијата нема да има ограничување спопред формулата ,,се или ништо,,. Сметам дека Балканот ќе биде вклучен во многу политички сфери но искрено – не знам кога.