Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски е во посета на Украина на разговори за унапредување на билатералната соработка. Пртпаролот на украинското министерство за надворешни работи Дмитри Свистков изјави дека Црвенковски ќе се состане со претседателот Виктор Јушченко и со парламентарниот спикер Владимир Литвин. Најавено е потпишување на неколку билатерални договори.