Москва: Посета на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер во Москва ги започан разговорите со руското раководство за борбата против меѓународниот тероризам и регионалните прашања како насилствата во Узбекистан, Авганистан, Ирак и Балканот. Схефер побара Русија да и се приклучи на Алијансата во борбата против тероризмот и неширењето на технолошки напредното оруже.