Вашингтон: Сенатот го отфрли планот за намалување на емисијата на штетни гасови

Американскиот Сенат го отфрли планот со кој требаше да бидат принудени американските индустриски капацитети да ја намалат емисијата на штетни гасови. Образложението беше дека ограничувањата за испуштање јаглерод диоксид ќе чинат многу пари, а ќе имаат мали ефекти. Соединетите Држави и Австралија, се најголемите светски загадувачи со јаглерод диоксид.