Најмалку 15 лица загинале, а 50-тина биле повредени при денешните 3 симултани експлозии на автомобили бомби во Багдад. Едниот автомобил експлодирал во близина на Шиитска џамија, другиот во трговска улица во центарот на Багдад и третиот покрај една полициска патрола. Синоќа, исто така, во серија експлозии на автомобили бомби во Багдад загинаа 18 луѓе, а 48 беа повредени.