Свет: Токио и натаму најскап град во светот

Токио и натаму е најскапиот град во светот, а по него се Осака и Лондон. Според истражувањето за трошоците за живот во градовите во светот, кои ги опфаќаат цените на становите, јавниот и приватниот транспорт, храната, облеката и многу други параметри, на четвртото место е Москва, на 5-то Сеул, а потоа следуваат Женева, Цирих и Копенхаген. Најефтин град во светот е Асунсион во Парагвај, а во Европа, Букурешт.