Денеска во светот се одбележува денот на бегалците и раселените лица. Преставник на генералниот секретар на Обединетите Нации Валтер Калин пристигна на Косово на разговори за десетиците илјадници срби раселени поради нападите на албанските екстремисти. Тој ќе ги посети и Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора.