Еден јужнокорејски војник, кој бил малтретиран од претпостевни офицери, се одмазди со тоа што денеска уби осум војници, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја. Војникот, кој е идентификуван само по презимето Ким, испукал 40 куршуми од својата пушка врз други војници и фрлил бомба во касарната во Јончон, 60 километри северно од Сеул.